ГРАФИКИ ОД ЛИНА ТРЕНКОСКА

Изложба на 27 графики од уметницата Лина Тренкоска од Македонски брод ќе биде отворена вечерва од 19 часот во галеријата на ЦК “Марко Цепенков”. Тренкоска на првата самостојна изложба во нашиот град ќе се претстави со графики работени во техниката дрворез и комбинирана техника, на кои се претставени најразлични мотиви, но најмногу се застапени портрети и пејзажи.

– Го пренесов опкружувањето околу мене – вели авторката, потенцирајќи дека делата í се работени во последните две години.

Тренкоска завршила ФЛУ во Скопје – оддел графика со дизајн. Сега е професор во средно училиште во Македонски брод. Имала повеќе самостојни изложби и учествувала на групни графички излагања.

Loading