По 35 години
По 35 години од употребата на ЦК “Марко Цепенков” комплетно ќе се реконструира големата сала. Се очекува до мај, 50-тото јубилејно издание на МТФ “Војдан Чернодрински” да се одржи во реновирана сала.
– Реконструкцијата опфаќа промена на подот, претапацирање на повеќе од 600 седишта, бојадисување на ѕидовите, уредување на сцената и нов систем за затоплување – вели Тони Чатлески, директор на Центарот.
Со реконструктивните зафати ќе се опфати површина од 900 м2 на салата и сцената.
– Ќе се подобрат условите за изведба и следење на голем број културни настани – вели градоначалникот Марјан Ристески.
Средствата се обезбедени од Министерството за култура.