МДС ЈА ИГРА “39 ЧЕКОРИ”

Во вторник

За осумгодишнината од постоењето на МДС “Театар Чин 4 Сцена 5” на 17 март во вторник премиерно ќе се прикаже претставата “39те чекори”, по драматизација на Патрик Барлоу, од новелата на Џон Бучан, по која е снимен истоимениот филм на Алфред Хичкок. Режисер е Саша Нацевски, а играат Филип Димчески, Наталија Ристеска, Емилија Чавлеска и Дарко Ристески, кои ќе имаат ролји на над 50 ликови.

– Претставата е  романтична комедија и е омаж на филмовите од 30-тите, 40-тите и 50-тите години на минатиот век. Мултифункционална и мултимедијална е уметничката поставка, досега невидена во градот. Покрај актерската игра, важна улога игра и звучниот дизајн на Томе Темелкоски, кој својата театарска дејност како композитор и инженер на звук ја започна токму со Театар “Чин 4 Сцена 5”, како и светлосниот дизајн на Јордан Чавлески. Тотален минимализам е сценографијата, публиката целосно да се препушти на сопствената имагинација – вели Гоце Саздано, раководителот на МДС.

На МДС ова му е 42 – та премиера за осум години. 

Loading