ФРАНЦУСКИ ШАНСОНИ НЕБАРЕ ВО ПАРИЗ

Гимназија Мирче Ацев

Gimnaziski frankofoni na scenaДваесетина гимназијалци со професорката Мирјана Бошковска и годинава организираа француска вечер полна со шансони и рецитали за месецот на франкофонијата и Денот на жената.

– Третпат настапувам. Испеав шансона поврзана со детето и мајката. Сакам да пеам и го обожавам певливиот француски јазик – вели Бисера Јованоска.

– Организираме англиска, а зошто да не и француска вечер. Се ангажираме, афирамирајќи се себе си, јазикот и Гимназијата. Свирев на синтисајзер неколку точки “томбаланеж”, како и инструментален дел во придружба на хармоника – рече Димитар Димоски.

Подготвија програма која е спој и со Денот на жената, испраќајќи порака на љубов и внимание. 

Loading