ШАРЕНИ, А СИТЕ ЕДНАКВИ ДЕЦА

ОУ Блаже Конески

Verski i nacionalni boi vo edno oro - OU ,,Blaze Koneski,, vo seloto LazaniЧетвртоодделенците од ОУ “Блаже Конески”, водени од наставниците Елизабета Мургоска, Драшко Дичкоски, Снежана Магероска, Мартина Пројческа и Сузана Белокоска во рамките на проектот “Сите сме еднакви” го посетија ОУ “Мирче Ацев” во селото Лажани. Коневци, дотерани во народни носии, покрај македонско, заиграа и српско и албанско оро, покажувајќи дека умеат да ги играат танците и на другите националности. Домаќините со исламска вероисповед беа радосни кога се зави и албанското оро, па сите заедно се фатија во една игра. Не изостанаа националните носии со шалвари. И тие возвратија со традиционални бошњачки танци. Коневци ги почестија другарчињата и со цртежи на национални носии, изработени на часовите по ликовно, а им рецитираа и песнички. Двете училишта покажаа дека ја почитуваат различноста низ изобилството од шаренило од бои и националности. Преку игра и песна се поврзаа во едно.

– Полни сме со позитивни впечатоци. Бликаа лицата на децата од радост. Нé пречекаа со широки раце. Се изненадија од подготовките и сите низ игра и дружба се сплотија во едно – вели наставничката Мургоска.

И едните и другите се запознаа со фолклорот на другите националности, ширеа мултиетничка толеранција и ја развиваа свеста за еднаквост на сите преку другарство и меѓусебно почитување. 

Loading