НОВО РУВО ЗА КОНАЦИТЕ ВО ЗРЗЕ

Заврши реконструкцијата на манастирскиот комплекс Св. Преображение во селото Зрзе.

– Извршена е реконструкција и внатрешно уредување на монашкиот конак да се смести работилницата за иконопис, копаничарство и други дејности, негувани во монашкото братство. Се обнови и магерницата. Делумни реконструктивни, конзерваторски и реставраторски зафати се презедоа на кулата до влезната порта. Малку се обнови и северо-источниот бедем. Се изведе Горната порта и партерно се уреди манастирскиот комплекс – велат од Министерството за култура.

Се спроведоа истражувања, кои резултираа со пронаоѓање на монашката населба од втората половина на 9 век во бигорната карпа и ранохристијанската базилика од 5 век, што го определува Зрзе како културен центар на ранохристијанството во Македонија.

Се изгради и локалниот пат до овој значаен културен и верски објект.            

Loading