Од понеделник до петок во Библиотеката ќе се спроведе мартовски попуст за годишен упис. За 100 денари досегашните членови ќе можат да го обноват членството, а другите да се запишат по пониска цена. Намалувањето на членарината е за патрониот празник на Библиотеката и во рамките на одбележувањето на меѓународниот ден на жената, Осми март.
– Повеќе години практикуваме попуст. Атрактивен е кај читателите. Снижување за упис негуваме и наесен за одбележувањето на месецот на книгата – вели директорот Петар Петрески.
Во библиотеката, в четврток од 12 часот, ќе се промовира книгата “Собрани дела” од писателот Бранко Цветковски. За книгата ќе зборуваат Санде Стојчевски и Јовица Тасевски- Етернијан.