ПРОМОЦИЈА НА КНИГА И ИЗЛОЖБА НА СЛИКИ

Прозно ликовен перформанс во необична атмосфера ќе се случи утревечер од 17 часот во кафулето Тејк фајф. Ќе се промовира книгата раскази “Роб на ноќта” од  Миле Трајкоски и ќе биде отворена изложбата на слики од Маја Џордано.

Дебитантското дело на Трајкоски содржи преку 14 раскази  каде се пренесува крикот за чиста и совршена љубов. Според писателот Трајче Крстески, Трајкоски пишува впечатливо, не само во чисто естетска и наративна смисла, туку и продуховено, искрено.

Користејќи алтернативни простори за изложби, уметницата Маја Џордано ќе се претстави со 15 графики и слики масло на платно на различни теми.

Loading