МАРТИНКИ И ЧЕСТИТКИ ЗА БАБА И МАМА

ОУ Добре Јованоски

martinki od prvacinjaПрвачињата и вторачињата од ОУ “Добре Јованоски” се активираа во знак на месецот март. Со баба Марта стигнаа и мартинките, изработени од вредните рачиња на првачињата, кои меѓусебно си ги подаруваа во духот на традицијата и обичаите.

Доаѓањето на 8 – ми Март, денот на нашите мајки, баби и сите жени, беше инспирација вторачињата водени од наставничките Винета Џумеркоска, Билјана Ангелеска и Каролина Николоска, да подготват приредба со песнички и рецитал за станарите од Домот за стари лица. Им подарија и честитки, кои ги изработија, а ги почестија и со чоколада. Се радуваа и едните и другите. Изненади и посилниот пол, кој на наставничките им го честитаа празникот со цвеќиња, направени од салфетки во боја. 

Martinki za detska nasmevka– Напишав честитки за бабите – вели Уснија Бејтулоска.

– Се радуваа бабите кога им подарувавме честитки, оти на нив имаше и цвеќиња – додаде ученичката Арифе Асаноска.

– Децата беа радосни за време на подготовките. Беа иницијатори да ставиме и цвеќиња на честитките, кои сами ги пишуваа, со оглед дека сега учат да пишуваат. Сето тоа им беше возбудливо доживување – вели наставничката Винета Џумеркоска.

Жените од третото доба беа воодушевени од вниманието на децата. Ги гледаа небаре свои внуци. Се радуваат со нив и со цвеќињата и сакаат почесто да имаат вакви приредби.

Loading