ЖИТО ПРИЛЕП БЕЗ ТЕСТ ЗИМАВА

Ракомет: Стартува пролетниот суперлигашки дел

– Наместо во Прилеп, Вардар СЦБТ “гостува” во Скопје

Moment od esenski mec na Zito PrilepАко показател е бројот на тестовите, тогаш за женскиот суперлигаш Жито Прилеп може да се заклучи дека со хендикеп го чека пролетниот дел од првенството. Покрај сите напори не беше обезбеден противник. Затоа не е одигран ниту еден пријателски меч. Клубот бара алтернатива низ неколку тренинг мечеви со машкиот младински состав на Прилеп.

– Резултатите не беа важни, а значајно е што воопшто се играше. Девојките добро парираа на врсниците од машкиот клуб – вели Жане Дисоска, тренерот на Ж. Прилеп.

Претстојат 10 кола за поправање на впечатокот од есеноска, кога беа освоени три бода. Со проблемите се знае дека тешко е нешто да се направи. Од клубот ветуваат максимално залагање. Целта е барем да се води рамноправна борба со послабопласираните, како Пелистер, Ѓорче… Дека Ж. Прилеп може покажа есеноска кога со 11 разлика го победи Пелистер.

– Истиот есенски состав е, нема нови, ниту заминати. Се надеваме уште на некоја победа – подвлекува Дисоска.

Првиот меч требаше да биде викендов дома со гигантот Вардар СЦБТ. Скопјанките избегнуваат замор од патување, шдедат сили за Лигата на шампионките и дуелот е закажан за вторник во Скопје.

Убав распоред за Прилеп

Поволен распоред има машкиот суперлигаш Прилеп во преостанатиот пролетен дел од првенството. Синоќа беше гостувањето во Радовиш, следува дома со Текстилец, на гости кај Пролет и шлагот е на крајот дома на пелагониското дерби со Пелистер. Целта е трето, со атак на второ место од табелата.

Loading