КРАЛЕВИ И ПРИНЦЕЗИ НА МАРКОВИ КУЛИ

ОУ “Кочо Рацин”

Decata akteri vo svojot film za Krali MarkoКога учењето ќе се претвори во игра, а играта во учење, тогаш нема кој не научил! Едно искрено детско прашање “Живеел ли некогаш во Прилеп некој крал?”, поттикнато од изучувањето на светските бајки, беше предизвик за првачињата од 1А одделение од ОУ “Кочо Рацин” и наставничката Наташа Мирческа да реализираат проект за кралот надалеку познат, а роден токму во Прилеп, Кралот Марко.

– Филмот има образовен карактер. Главни протагонисти се учениците. Направивме сублимат од легендите, преданијата, стиховите за Крале Марко, а одговараа на возраста на учениците. Помогна и Тренчо Димитриоски, познат прилепски истражувач на минатото. И за миг сите станавме кралеви и принцези. Преку стих и игра се обидовме да покажеме како тоа изгледало некогаш одамна – вели Мирческа.

Филмот се снимаше на Марковите Кули на огромно задоволство на првачињата, препознавајќи траги од коњот Шарац и од некој камен фрлен многу од далеку на Кралот Марко.

Со образовнуот филм “Крале Марко”, веќе поставен на јутуб, ќе конкурираат на 11. Меѓународен фестивал на детско творештво, “Креативна Чаролија”, во Србија на 17-18 април во Мионица – Бања Врујци.

Loading