СОУ “Ѓорче Петров”
Две обуки за мобилност за учење на индивидуи во Париз минаа директорот Дејан Димоски и професорот по спорт, Здравко Ристески од СОУ “Ѓорче Петров”. Тие ги следеа работилниците со грантови од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во рамките на програмата Еразмус+. Целта на обуката “Problem base learning” е да се подобруваат комуникациските вештини со учениците, користејќи техники за ефективно учење. Искуството од обуките ќе се пренесува на вработените преку презентации.