НА ПИЕДСТАЛ ВО БЕЛИОТ СПОРТ СО 8 МЕДАЛИ

Gimnazijalcite se vratija so medali od MavrovoГимназијалците и учениците од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”, на државното првенство во скијање во Маврово, се покажаа како горди претставници, грабнувајќи 8 медали за второ и трето место во силна конкуренција меѓу 150 учесници и членови на скијачки клубови.

Гимназијата водена од професорот Даниел Василески, настапи со 15 учесници, од кои во категорија 1 и 2 година, Бистра Петреска го освои второто место, а Александар Спиркоски се избори за третата позиција. Во категоријата 3 и 4 година, Михаела Кебакоска го зазеде второто место.

Na cekor do  tronotНишто помалку вешти со скиите не беа триесетината ученици од сите одделенија од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане” водени од професорите Златко Спиркоски, Борис Митевски и Благојче Илиески. На пиедестал се искачија Марија Костоска и Георгина Ѓорческа зграпчувајќи ги вторите места, а Борјан Стрезоски, Костантин Стеваноски  и Илија Локвенец ги зазедоа третите места.   

Првите “чекори” во скијање сите ги направиле од најрана возраст, најчесто во Крушево при зимските одмори со семејствата. Тие не членуваат во скијачки клуб, туку можеби првпат се обидуваа да скијаат по вистинска патека. Затоа успехот на овие надежи е за пофалба. Иако сезоната е при крај, постигнатите резултати ги разгореа страстите за белите спортови кај учениците.

Loading