ПОВРАТ НА ИНВЕСТИЦИИ ПРЕКУ ПРОМОЦИЈА

Витаминка на саеми во Дубаи и Келн

Витаминка третпат успешно се промовираше на најголемиот саем за храна и угостителство, Гулфуд, што секоја година се одржува во Дубаи. Како дел од 20 јубилејно издание, прилепската компанија се претстави со целосниот свој асортиман и отвори можности за проширување на деловноста на глобално ниво.

Компанијата промоцијата годинава ја почна на ИСМ 2015, најголемиот саем за слатки и бисквити во Келн, Германија. Саемот е дел од најголемата бизнис и комуникациска платформа во кондиторската индустрија.

– Настапите на саеми од типот на ИСМ 2015 и Гулфуд се од големо значење за изложувачите, бидејќи се обезбедува пат до светските пазари. Овојпат само се потврди фактот дека преку континуирани вложувања во асортиманот и квалитетот на производите, креирајќи конкурентна понуда за задоволување на сé пософистицираните барања на потрошувачите, ни се олеснува патот до глобалниот пазар. Манифестациите í даваат на Витаминка можност за неверојатен поврат на инвестициите преку низа потенцијални соработки – вели Сашо Наумоски, генерален извршен директор.

На саемот во Келн, Витаминка се претстави со целиот асортиман на грицки и слатки производи. Годинава на ИСМ беа претставени и најголемите технолошки иновации и сите трендови во оваа индустрија, фокусирајќи се главно на потребите на потрошувачите и стимулирање на компаниите за проширување на својот спектар на слатки и бисквити. Во Келн учествуваа повеќе од 1500 производители од 65 земји од светот, а го посетија повеќе од 37 000 посетители од 140 држави.

Квалитетот и атрактивниот дизајн на широката палета производи го привлекоа вниманието на преку 250 посетители на штандот на Витаминка на Гулфуд саемот, кои пројавија интерес за потенцијална соработка. Привлечна беше богатата програма на кекси, особено Карамел бисквит и интегралниот кекс Деспина, снек производите предводени од автентичниот Стоби Флипс и асортиманот на Бонитас, следени од оригиналниот Чоко Стоби Флипс и чоколадираните производи, чоколадните морски школки Атлантис и квалитетот на Цевитана. Иновативниот производ Чоко ориз ги воодушеви посетителите од Блискиот Исток, Африка и Европа.

Гулфуд е најголемиот светски саем за храна и угостителство, каде оваа година се претставија околу 4000 компании – изложувачи од преку 120 земји. Саемската манифестација е посетена од претставници на најразлични бизнис формати од производно-услужниот сектор за прехрана, меѓу кои, синџири на супермаркети, директни увозници, дистрибутери, агенти, производители на репроматеријали, компании од секторот на пакување производи, како и производители на најразлични современи машини.

Следниот саем каде што ќе се претстави Витаминка оваа година, е саемот СИАЛ во Шангај, Кина, што се одржува во месец мај. 

Loading