ПРОДЛАБОЧЕНО ПАРТНЕРСТВО СО НОВА ОПРЕМА

Тутунски и Филип Морис

Se zasiluva sorabotkata megu Filip Moris i Tutunski -  Emre i DermendzievПрвиот човек на Тутунскиот комбинат (ТКП), Александар Дерменџиев и директорот на новоформираната фирма Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп (ПМТКП), Емре Козлу, што е производ на стратегиското партнерство на двете компании ја промовираа монтажата на опрема за производство на нови формати цигари во фабриката за цигари.

Според Козлу, забележан е важен чекор во партнерството на ПМТКП.

– Овозможувајќи ново производство и комерцијални можности и за ТКП и за ПМТКП, инсталацијата на овие машини ја покажува силната посветеност на Филип Морис кон партнерството. Како што ќе се движи нашата соработка, така ќе носиме уште многу слични позитивни вести – рече директорот на заедничката фирма.

– Одбележуваме успешен чин на партнерството. Новите две линии ќе овозможат да се произведуваат нови формати за да го зголемиме обемот на производство. Овој чекор ја покажува посветеноста на Филип Морис, бидејќи ова не е дел од договорот – изјави Дерменџиев. 

Од основањето на ПМТКП во јуни 2014 година, следеше многу возбудлив период, најпрвин со производството на БондСтрит (меко пакување) во Прилеп. Потоа се забрза соработката меѓу техничките тимови за подобрување на производствените капацитети на ТКП. За кусо време е забележан комерцијален напредок.

– Горди сме на динамичниот развој на тутунската индустрија кон повисоки стандарди. Заеднички се напорите за подобрување на капацитетите за квалитет на силните брендови Бренд, Сан Слимс и други – рече Козлу.

Со договорот Филип Морис презеде обврска за директен откуп на бербата од 2014 година, обезбедувајќи значајна поддршка не само за Комбинатот, туку и за кооперантите. Филип Морис финансиски ја поддржа пограмата за подобрување на ефикасноста на ТКП што предизвика значителен интерес меѓу вработените. Партнерите на Комбинатот се надеваат на успешно завршување на програмата, која не само што ќе ја помогне одржливоста на производството, туку ќе им помогне на стотици фамилии да добијат ресурси за свеж почеток во нивните животи.

Loading