ШЕСТ ПРОВЕРКИ ЗА ПРИЛЕП

Ракомет

Zasiluvanje za odbranata - Vasko DimitrovskiПодготовките на машкиот ракометен суперлигаш Прилеп земаат силен замав. Во тек се пријателските мечеви. Екипата на тренерскиот тандем Ице Соколоски – Страшо Илиески се тестираше четирипати, на гости со вториот тим на Вардар во Скопје (31-32) и кај Кастриоти во Урошевац (37-32), а дома е совладан Охрид (32-27), додека синоќа беше реваншот со вториот Вардар во салата на СОУ “Р. Р. Ричко”. До стартот на пролетниот дел на 7 март, ќе се одиграат уште два меча.

Кај играчкиот кадар, нема измени. Сите од есеноска остануваат, а приклучен е пивотот Васко Димитровски од Пелистер. Извесно дека е заклучен списокот за довршување на сезоната во првенството и купот. Покрај понудите за земање атрактивни играчи од репрезентативен калибар, во овој момент тоа е неизводливо поради скромниот буџет. Во клубот се благодарни и за таа финансиска поддршка од општината и спонзорите, а во претстојниот период ќе мора не само да се оправда довербата, туку и да се тргне чекор понатаму, кон висок пласман. Доколку стане трет клуб по вредност во државата, после Вардар и Зомимак, логично се очекува после успехот како магнет да тргнат и се намножат успешните фирми кон РК Прилеп.

Loading