МАКЕДОНСКИ И АЛБАНСКИ УЧИЛИШТА РАЗМЕНУВААТ ЕКО ИСКУСТВА

ekoТри ОУ, “Блаже Конески”, “Добре Јованоски” и “Рампо Левката” преку проектот за интеграција на еколошката едукација, беа дел од завршната еко конференција, на која пред претставници од ЕУ, најмногу од Данска, ги презентираа еко проектите реализирани со донирани средства од невладината организација ОХО. Присуствуваа и кординатори на ОХО, на Албанија и Норвешка и училишта од Битола и од Албанија. Се разменија искуства меѓу македонските и албанските училишта и се отвори можност за соработка да се “украдат” идеи за еколошки проекти од областа на заштедата на енергијата, класификација на отпад и сл.

Со грантовите во ОУ “Добре Јованоски” се направи еко училница во дворот, ОУ “Рампо Левката” се снабди со корпи за класификација на отпад, а ОУ “Блаже Конески” постави еко панел за акумулација на сончева енергија.        

– Покажавме интерес за соработка со училиште од Корча, Албанија, со кое ги поделивме имплементираните проекти. Придобивки ќе имаме и едните и другите, пред сé, Албанија, оти тие досега имаат спроведено само поситни активности како еко кампањи – вели Марија Дулевска, директорката на ОУ “Блаже Конески”.

Меѓудругото, Коневци беа поканети од ОХО следната година да го земат зеленото знаме, како највисок статус на еко училиште, поради големиот број спроведени еколошки акции.

Loading