Тенис
Најнадежните прилепски тенисери иако настапуваат со повозрасни во младинска конкуренција, покажуваат сила и амбиции да бидат во близина на врвот. На зимското отворено првенство до 18 години Теона Велкоска (15) од ТК Винер про влезе во финалето, каде загуби од скопјанката Катарина Маринковиќ (Југ). Кај младинците, во Монтажната балон сала од ТК Винер про одлично се покажа уште помладиот Михаил Кусески (14), кој го совлада штипјанецот Бојан Плешков (Астибо), а во 1/4 финалето беше сопрен од финалистот, скопјанецот Елверин Пепиќ (Југ).
Велкоска и Кусески се достојни наследници на најафирмираните прилепски тенисери Александра Јосифоска и Илија Мартиноски.