Во елемент, онака како што умеат, актерите на ансамблот на театарот ја прославија 65 годишнината од формирањето, но и стоттата изведба на претставата “Од кол на кол” во режија на Коле Ангеловски. Беа мотивирани, затоа што играа пред верната публика и пред режисерот Коле Ангеловски, кој беше неизмерно среќен. Изјави дека е горд што речиси 30 години е заедно со театарот и со дел од ансамблот.
Актерите Трајче Иваноски, Виолета Чакарова, Андон Јованоски, Димитар Вандески, Марјан Чакмакоски, Цветанка Чавлеска и Најдо Тодески, со Гоце Наумоски, добија пригодни награди за “стотката” од директорот Тони Чатлески.
Градоначалникот Марјан Ристески, при поделувањето на пригодните награди, изрази радост што градот располага со актери со високи квалитети и театарот стана бренд не само во земјата, туку и во странство.