НА ДОФАТ ПО ТРИ ИЛЈАДИ ЕВРА

За активните баратели на работа

Најповолната и најбарана мерка за невработените лица за добивање на грантови е повторно актуелна.  До 10 март активните баратели на работа ќе може да аплицираат на огласот кој го објави Агенцијата за вработување за добивање на неповратни средства за самовработување.

– Проектот е редизајниран со одредени промени кои се однесувуваат во позитивна насока за самовработените лица кои ќе можат да користат неповратни средства – грант во износ од 185 000 денари или 3000 евра во опрема и репро материјали. Покриени се трошоците за регистрација на фирмата, а за младите до 29 години покрај добиениот грант, една година ќе бидат ослободени од плаќање придонеси за задолжително социјално осигурување – вели Силвана Пашоска од Агенцијата за вработување.

За бизнис идеите кои се иновативни, одржливи и со потенцијален раст, избраните апликанти ќе имаат можност да добијат поголем грант во изност од 257 000 денари. Исто така, секое лице самовработено кое има потреба за плус едно вработување, а се работи за одржлива бизнис идеја ќе добие неповратни средства дополнително во износ од 92 000 денари во опрема и репроматеријали.

Со оваа активна мерка година нема да бидат поддржани земјоделието и сточарството.        

Loading