ЦЕНТАР ЗА РАН ДЕТСКИ РАЗВОЈ

Со помош на УНИЦЕФ

Со поддршка на УНИЦЕФ ќе се отвори Центар за ран детски развој. На средбата меѓу  градоначалникот Марјан Ристески и Бертран Демулен, претставникот на УНИЦЕФ во Македонија главен акцент беше ставен на иницијативата за отворање на Центар за ран детски развој кој ќе овозможи правилна интеграција на децата од предучилишна возраст. УНИЦЕФ веќе работи на програмата со која се опфатени маргинализирани групи на деца и нивно вклучување во предучилишниот систем на воспитување и образование.

Досега се отворени 14 центри за ран детски развој.

Loading