ТИНЕКС ЌЕ ГРАДИ МАРКЕТ СО ПОДЗЕМНА ГАРАЖА, ПРИЗЕМЈЕ И КАТ

На местото на пазарот за сирење

Povekestrani efekti na investicijata 0 Naumoski, Risteski i TodorovikКомпанијата Тинекс со потпишување на договор го официјализира купувањето на плацот за маркет во центарот. На околу 1700 метри квадратни од поранешниот пазар за сирење, компанијата ќе инвестира два до три милиони евра за градба на маркет со подземна гаража, приземје и кат. Фирмата го купи плацот на електронска аукција за 29 милиони денари, од кои 80 отсто одат на сметката на локалната самоуправа, а остатокот во државниот буџет. Инвеститорот ќе треба да плати и давачки за комуналии.

Лицитацијата е втора, откако локацијата ја купи компанијата Кам, но се откажа од вложувањето.

– Ќе има околу 50 вработувања. Вложуваме во Прилеп, оти градот е во подем и локацијата е атрактивна – изјави Владимир Тодоровиќ, сопственикот на Тинекс.

– Трговско деловниот објект ќе го внесе Прилеп како најпосакувано места за инвестиции во земјата – вели градоначалникот Марјан Ристески.

Претседателот на Регионалната стопанска комора, Симон Наумоски, потенцира дека секоја инвестиција е добредојдена и придонесува за економски развој на градот.

Loading