Пинг – понг
Зоран Јованоски меѓу сениорите е рамноправен, а кај ветераните му нема рамен. Формата ја испроба на ветеранскиот турнир во Куманово, каде беше надмоќен над 20 конкуренти. Првото место и златниот медал ги освои пред велешанецот Попов и скопјаните Матевски и Љамов. Прво најдобар беше во една од седумте групи, потоа несопирлив во втората фаза, вклучително со финалето против второпласираниот Попов.
Ветеранските турнири се чести во државава, а градов ќе може да биде домаќин кога ќе биде реновирана пингпонгарската сала.