КАКО АФРИКАНСКИ КУП

Фудбал

Strelec - Dejan ZdraveskiНа неодамна завршениот Африкански куп најчести резултати беа нерешените, во тој стил и третолигашкиот лидер Победа двапати одигра 1-1 на пријателските мечеви против второлигаши. Прво ремизираше на гости кај Македонија Ѓорче Петров во Скопје, на терен со вештачка подлога, а завчера истиот резултат се повтори на гостувањето кај Кожуф во Миравци. Стрелци се напаѓачите Ицко Јанкоски и Дејан Здравески. Во клубот се задоволни, особено од ангажираноста на првотимците во конкуренцијата за секое место. Покрај тројцата новодојдени Апостоловски, Колески и Аломеровиќ, на проба е млад стопер од Битола. Заминаа само Сркески и Стојаноски.

В недела е учеството на турнирот “Вуко Каров” во Кавадарци, со два врзани дуела по италијански систем од по 45 минути со домаќинот Тиквеш и прволигашот Турново. Вреден е пехарот, но уште позначајна е играта и шансата која им се дава на сите од страна на тренерот Златко Петрески, така што настапуваат по две постави. Паралелно, се договараат наредни противници, а еден од потенцијалните е соседниот прволигаш Пелистер предводен од Ѓоко Хаџиевски.

Loading