ВО ПОТРАГА ПО НОВИ ЗНАЕЊА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

Delcevci najbrojni na EdukonferencijataНаставници од ОУ “Кире Гаврилоски”, “Кочо Рацин” и “Климент Охридски” и најбројните од “Гоце Делчев” беа меѓу 500 учесници на првата Едуконференција во Струга на наставници и информатичари, организирана од асоцијацијата “Пријатели на образованието”. Дводневната средба претендираше да им се помогне на наставниците за оспособување за интегрирање на дигиталните образовни ресурси во воспитно образовниот процес и соработка со меѓународни организации со сродни активности. За одбележување е и присуството на наставници од Италија, Велика Британија, Србија, од природно математичкиот сојуз, од Британскиот совет, од кои можело да се “украде”дел од богатите расположливи искуства.

Наставничката Александра Андоновска од ОУ “Гоце Делчев”  го освои третото место во конкуренција на 27 постер презентации со нејзиниот постер за Етвиниг проектот “Ајде да се запознаеме”.

– Се “вооружавме” со знаења и информации за новините во образованието. Стекнавме нови познанства со колегите од Македонија, па и од странство. Пријателствата се основа за заеднички проекти во иднина, апликации на конкурси и обуки – вели Благица Чатлеска, од ОУ “Гоце Делчев”.

Loading