ШАНСА НА АМБИЦИЗНИОТ УЧЕНИК ДА “ГРАБНЕ” 3000 ЕВРА

СОУ “Ристе Ристески – Ричко”

Darba za biznis - Gorgi SirakoskiКога знаењето е основна алатка за успех, не запира Ѓорѓи Сиракоски од СОУ “Ристе Ристески – Ричко”. Со свој бизнис план, под менторство на професорката по бизнис, Ратка Илиеска, аплицирал на натпреварот и едукативната програма за поддршка на претприемачки идеи меѓу студенти и млади – Награда за социјално претприемништво 2015, кој првпат ќе се одржи во Македонија. Тоа е најголемиот европски проект за студентите на тема претприемништво, а прилепчанецот ќе се вклучи меѓу 40 најдобри бизнис планови, со можност да добие една од трите вредни награди – од 1000-3000 евра, патување до Виена, менторство, инкубациски период и многу други можности за развој на сопствена кариера.

На 6 февруари го очекува едукативна работилница во Скопје на која, ќе ги сподели бизнис идеите и ќе ги разработи да ги имплементира. Напролет е “пресудниот” момент од натпреварот дали и тој ќе се квалификува и ќе се “почести” со награда, односно дали неговата бизнис идеја ќе биде оценета како потенцијал за општествена промена.

– За бизнис идеја избрав подобрување на автоматската работа во секоја индустрија. Тоа што сум во категоријата на 40 најдобри во Македонија ми претставува значајно достигнување, бидејќи не сум имал можност да ги обелоденам моите ставови и начини на размислување за бизнис и за остварување профит – вели Сиракоски.

Целта на проектот е да се подигне свеста кај младите за социјалното претприемништво и да им се даде можност и тие да бидат претприемачи кои ќе влијаат на локалната заедница.

Loading