НАД ДРЖАВНИТЕ ВРСНИЦИ

ОУ “Блаже Конески”

Третоодделенците од ОУ “Блаже Конески” покажаа резултати над оние на државно ниво при проценката на јазичната и математичката писменост кај учениците од почетните одделенија. Тоа е прва фаза од проектот “Со читање до лидерство”. Проценката која на 80 ученици од 2 одделение и 120 ученици од 3 одделение по случаен избор, ја спроведоа Биљана Ефремоска и Наташа Димеска, преку користење на два инструменти за мерење на постигањата на учениците  за проценка на јазичната писменост и инструмент со кој се проверува математичката писменост. Меѓудругото, се презентирале главните наоди и препораките за подобрување на јазичната и математичката писменост кај почетните одделенија. 

Училиштето е вклучено и во втората фаза, “Професионален развој”, од проектот  на УСАИД “Со читање до лидерство”.

Loading