ТРАДИЦИЈА И ВЕРБА ВО ИДНИНАТА

За Водици

Hari Naumoski nabrz i najuspesen vo potragata po krstotМеѓу 67. прилепчании кои скокнаа на Богојавление или Водици, Хари Наумоски (18 години) беше најсреќниот, кој успеа да го фати светиот крст во водите на базенот на хотелот Сонце Г.А. Најмалиот учесник беше 12 годишната Мелани Бошеска, а најстариот Џорџија Гоганајче (70) и сите добија подароци од локалната самоуправа.

Традиционално како и секоја година, се фрлаше крст и во селата Мало и Големо Коњари, Штавица, Тополчани, Чепигово, Витолиште, Ново Лагово и во емсноста Маркова Чешма.

За празникот се одржа шестата донаторска конференција за собирање средства за доизградба на црквата Св.Петка во Точила, а се спроведе и акцијата “Саботно кафе и чај за црквата”.

За доизградба на камбанаријата, локалната власт донираше близу 40.000 евра, а семејството на градоначалникот Марјан Ристески 30.000 денари. Сопственикот на хотелот Сонце-ГА, Џорџ Атанасоски, изградбата ја потпомогна со 100.000 денари. Фирмата за мермер Крин КГ со 300.000 денари, а вработените од Комфи Ангел донираа 15.000 денари, а косопственичката Ирена Јакимоска најави донација за ѕвоното. Голем број фирми донираа градежни материјали или ја ставија на располагање градежната механизација.

Според пресметките, за камбанаријата се потребни 1,5 милиони денари. Во храмот се поставува иконостасот и се фрескоживописува.

Изградбата на камбанаријата и партерното уредување се очекува да бидат завршени до празникот 8 август, кога се планира и големото осветување.   

Loading