РИСТЕСКА БРОЈ 1

Атлетика

Според изборот на Атлетската федерација на Македонија, најдобра атлетичарка во државава за лани е Христина Ристеска. Таа имаше уште една успешна сезона, а најдобар резултат постигна на 400 метри. Патеката ја истрча за личен рекорд од 57,47 секунди на Европското првенство во Цирих, Швајцарија. Зад неа со помалку гласови се скопјанките Валбона Селими со постигнување на 100 метри и Ирена Темова со скок во височина.

Ристеска учествуваше на Олимпијадата во Лондон во 2012 година.

Loading