НАВАЛИЦА ВО ПОБЕДА

Фудбал

Третолигашкиот лидер Победа почна со воведни тренинзи, в среда тргнува официјалниот дел на подготовките. Во фокусот е играчкиот кадар. Нов е повратникот од прволигашот Пелистер, голманот Дејан Апостоловски. Доаѓа на испразнетото место по заминувањето на Христијан Сркески. Клубот преговара за засилувања,  повратници и нови.

– Многумина се нудат, неизбежна е селекција. Планираме пет – шест нови во сите линии. Со некои веќе е постигнат договор. Во тек е административниот дел. Очекувам да бидеме 90 отсто комплетирани со играчи на стартот од подготовките – вели Златко Петрески, тренер.

Победа и во овој ранг е привлечна поради брендот, организацијата и амбициите за враќање на старите патеки.

Loading