СПОРТСКА САБОТА

Историја

Кон крајот на осумдесеттите и на почетокот од деведесеттите години од минатиот век на Радио Прилеп се емитуваше најдолгата емисија “Спортска сабота”. Терминот беше од 13 до 19-20 часот, со богата содржина од вести, прилози, разговори со гости, јавувања и преноси за Победа и Тутунски. Покрај фудбал и ракомет застапени беа сите останати мали спортови.

– Програма во живо речиси цел работен ден. Имаше богат избор на настани, квалитетни екипи и спортисти. Емисијата го привлече интересот на слушателите – потсетува Драги Башески, новинар.

Подоцна се емитуваше “Спортска недела” на приватното Радио Соник.

Loading