ТОПЛИНА НАМЕСТО УЛИЦА

Отворен Дневен центар за згрижување деца во социјален ризик

Centar kako dom za osum casaХрана, создавање хигиенски навики и помош од стручен тим засега добиваат 6 деца секој ден од 8 до 16 часот во Дневниот центар за децата во социјален ризик кој функционира во поранешниот Работнички универзитет. За адаптирање и опремување на просторот, Министерството за труд и социјална политика потроши 4,5 милиони денари. Ресоцијализирањето и враќањето во образовниот систем е главната цел. Досега во Прилеп се регистрирани 15-тина деца од 4 до 14 години на кои им е потребен топол оброк и грижа, а во земјава се стотина на кои им е потребна помош. 

– Градежните работи за целосно реновирање на објектот чинеа околу 3,5 милиони денари. Дополнително околу 1,5 милиони денари беа потребни за негово опремување. Капацитетот на прилепскиот Дневен центар е за 30 деца – рече Диме Спасов, министерот за труд и социјална политика. 

Дневен центар во Прилеп е петти во земјава. Ангажиран е комбиниран тим од 4 стручни лица.

– Состојбата се следи да се откријат и други деца во социјален ризик и навреме да се згрижат. Прво ќе ги навикнеме на основните хигиенски и навики за редовна исхрана. Ќе обезбедиме еден бесплатен оброк и бесплатен превоз на децата од нивните домови до Центарот и назад – вели Снежана Јованоска, директор на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа.

Помага и локалната самоуправа децата да се ресоцијализираат и да им се даде социјална грижа обезбедувајќи го просторот. Општината парично и со стручни тимови ќе помогне во функционирањето. 

– Голем дел руинирани објекти под капата на локалната самоуправа, а ги има низ градот, гледаме да бидат реконструирани и наменети, не само за оваа категорија, туку и за други ранливи категории  на деца – вели градоначалникот Марјан Ристески.

Локалната самоуправа помогна во обновата на градинката во Бончејца и отворен е нов објект во Тополчани. Ќе се отворат уште три градинки, една во селото Канатларци, во Беровци и една или во Мало или во Големо Коњари.

Loading