ПЕНЗИОНЕРСКА ПАРИЧКА И ХУМАНОСТ

domakinka penzionerka psolna so sreka -Новогодишните и Божикните празници пензионерките ги продолжија со одржување на традицијата на прослава на Василица и вртењето мазник со паричка во просториите на пензионерскиот клуб. Меѓу 150 пензионерки, најсреќна беше Весела Ацеска.

– Првпат нешто добивам. Не сум пензионерка, туку домаќинка. Цел живот работев тутун и ги гледав дома децата. Преку сопругот станав пензионерка. Радосна сум што ми се насмеа среќата на дружењето на пензионерките – рече Ацеска.

Таа доби посебна награда од Активот на жените.

Василичарската веселба ги крена на нозе пензионерките кои завиаа оро.

Пред Новата година претставници од Активот на жените пензионери подарија новогодишни подароци на станарите од Домот за стари лица. Двете пензионерски КУД-а ги развеселија старите лица, дотерани во фризурите од учениците од фризерската насока при СОУ “Ѓорче Петров”. Пензионерките дарија новогодишни пакетчиња и на членовите од Клубот за деца заболени од церебрална парализа.

Loading