Со мазник со паричка, Друштвото за наука и уметност го прослави доаѓањето на Новата година по јулијанскиот календар. Според адетот, од мазникот секој добива по едно парче, а оној кој ќе ја најде паричката ќе има среќа и бериќет цела година. Во Друштвото, годинава паричката падна во парчето на градоначалникот Марјан Ристески, кој традиционално е гостин на средбата на научните работници и уметници, заедно со гости од боречката организација.
![]()

