СОНЦЕ В ЧЕШМА

ОУ “Блаже Конески”

ОУ “Блаже Конески” доби грант од 60.000 денари преку програмата Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем – Прекугранична соработка со Р.Албанија. Со средствата се поставени сончеви панели за акумулација на сончева енергија која се претвора во топла вода во училишниот бојлер. Во реконструираните  санитарни јазли, при сончеви денови ќе тече топла вода за одржување на хигиената.

– Со сончевите колектори се штеди енергија – вели Марија Дулевска, директорката на ОУ “Блаже Конески”.  

Loading