ЛАВРИ ЗА ТАЛЕНТИРАНА ВИОЛИНИСТКА

ОУ “Гоце Делчев”

Maher za violina - Blagica BlazeskaУмее само да коси музички награди шестоодделенката Благица Блажеска од ОУ “Гоце Делчев”. На петтиот државен натпревар на млади музичари во Скопје, Блажеска освои прва награда во свирење виолина.

Талентираната виолинистка носи генетски код по дедо í, маестро Тумбе. Првин дарбата за музика ја пробала на клавир, но набрзо проработило наследството. Почнала со замислен инструмент, дрвена виолина и од шест години “реди” први места по натпревари.

– Виолината има свилен тон и предизвикува возвишено чувство. На натпреварот настапив со мелодии по свој избор од Вивалди – вели надежната Блажеска, чија желба е да стане професионална виолинистка. 

Loading