СВЕЧЕНОСТ

Моделарство

Plaketa za Risteski od TodoroskiЗдружението за воздухопловни спортови “Фил – феникс” ја заокружи успешната 2014 година со свечена седница во Библиотеката. Низ видео материјали беше потсетено на резултатите на најистакнатите поединци. Се приложија информации за последните изданија на државните натпревари и двата светски купа во воздухопловно моделарство. На крајот Здружението, предводено од Здравко Тодороски во знак на благодарност за придонесот додели дипломи и плакети на поединци и организации, меѓу кои златна плакета за градоначалникот Марјан Ристески, а меѓу добитниците е и редакцијата на Зенит.

Loading