РОДЕН ГОЛГЕТЕР

ВРЕМЕПЛОВ

Томе Јакимоски-Гец

Strav i trepet za golmanite - Tome JakimoskiОд помладата генерација фудбалери на Победа, посебно место има Томе Јакимоски – Гец, роден во 1938 година во селото Росоки, тетовско, а неговите родители го донесле на две годишна возраст во Прилеп.

– Прилеп е специфичен за спорт. Фудбалот, во мое време, беше неизбежна тема во секое семејство. На многу натпревари имавме 10.000 до 25.000 гледачи во град помал од 60.000 жители – се навраќа Јакимоски, миленикот на љубителите на фудбалот, кои и денес велат дека Гец бил роден да ги тресе противничките мрежи.

Го открил Илија Игњатоски.

– Бев ученик во Гимназијата, а таму професор по физичко беше Илија Игњатоски, стандарден првотимец на Победа. Есента 1955 година ме доведе во клубот и се сретнав со помладите М. Крстески, Б. Петкоски, И. Димоски, И. Миноски, М. Галески, М. Думбалоски, Т. Бошкоски и Д. Дисоски… Тука беа и Келтаноски, Д. Костоски, А. Гулески, Д. Лашкоски, К. Атанасоски, Г. Лашкоски, И. Атески, К. Трајкоски и К. Конески, потоа по искусните Р. Тренкоски, В. Тофоски, Д. Ангелески и Митриќески – Зеко – се присетува Јакимоски.

Набргу станал не само стандарден, туку и незаменлив на левата крилна позиција и прв голгетер.

Во два наврати одиграл 463 натпревари за Победа и постигнал 239 голови. Првиот пат од 1956 до 1960 година кога минува во скопскиот прволигаш на Југославија, Вардар, а вториот пат по враќањето од 1963 до 1968 година кога и се збогува со најспоредната, но најслатка работа на светот.

Забележани се неколку значајни победи. Поразени биле репрезентацијата на Софија со 4:0, Пелистер со 14:0, Караорман со 9:0, Беласица со 7:0 и Ќерамичар од Велес со 10:1. Натпреварите ги следеле повеќе од 140.000 гледачи. Бил најуспешен стрелец со 41 гол. После имал 58 натпревари со 67 гола. Недостижен бил уште неколку сезони со најмногу одиграни средби и постигнати голови.

Во сеќавање е тандемот Јакимоски – Цветковиќ. За секој противник опасноста доаѓала од левата крилната позиција. Цветковиќ, изразит техничар со префинет дриблинг и чувство за соработка со брзоногиот Јакимоски, кој ја упатувал топката кон противничкиот гол. Ќе “секнел” удар и ќе ја избришел пајажинатана голот, а гледалиштето ќе скокнело на нозе со долготрајни аплаузи. Гаѓал еднакво и со глава.

Круна бил успехот и влегувањето на Победа во Втората лига – Исток низ тешки квалификации во 1959 година во битки со Слобода” (Т.У), Приштина, Локомотива (Н.), и Младост” (ТГ).

– Најдрага победа беше на Илинден, 1959 година, во Приштина, од 1:0 пред 5.000 гледачи со голот што го по стигнав во 37 минута. Успехот беше на сите единаесетмина. Видливи беа насмевките и солзите радосници заради долго чеканиот успех. Повеќе илјади луѓе ја споделија радоста на железничката станица. Не носеа на рамена и се радувавме како мали деца – вели Јакимоски.

За афирмација имал понуди, а се определил за Вардар.

– Со “црвено-црниот дрес” ја паметам средбата во Данфермај, Шкотска. Загубивме 5:0, а на реваншот во Скопје славевме 2:0. Далеку ќе стигневме да имавме поголемо меѓународно искуство. Бевме и на турнеа во Тунис и Алжир –  вели ЈакИмоски.

Одиграл еден натпревар за “Б” репрезентацијата на Југославија во 1960 година против селекцијата на Унгарија во Крагуевац.

 – Од 64 година пак во Победа до 68 година. Одиграв 168 меча, постигнав 79 гола. Но, сé има почеток и крај – со носталгија ја враќа меморијата Јакимоски. 

Беше успешен тренер.

– И тоа задоволство го носам во душава. Почнав во 11 Октомври во 1973 година со Бранко Петкоски. Го доведовме клубот до кандидат за второлигаш. Работев во стручниот штаб на Победа воден од Фрањо Пазмањ. После го презедовме кормилото со Кирил Атанасоски и Живко Ѓоргиоски. Потоа во  Металец. Го изградија игралиштето до фабриката. Имавме планови, но поради работните обврски во Жито Прилеп, на тренерскиот позив му кажав збогум. Нечујно како што се разделив и од Победа, која не ми организира проштален натпревар – кажа Јакимоски.

За нај тренери вели дека бил Јанко Звекановиќ и Стојан Богоевски – Гајда, делител на фудбалската правдина Перула Костоски, а најдобар играч без конкуренција Методија Крстески – Каше.

Драги Башески

Loading