СОСТАНОК ВТОРНИК

Фудбал

Привршува одморот за третолигашот Победа и во вторник, на 20 јануари е првиот состанок. Потоа се предвидени вежби во фитнес сала, а позасилено ќе се тренира од 28 јануари кога е официјалниот старт на подготовките. До тогаш ќе се знае кој останува, заминува или доаѓа како засилување за пролетниот дел и баражот. Управата преговара со повеќе играчи, а за разврската ќе се почека уште малку.

Третолигашкиот пролетен дел стартува во март.

Loading