ЦВЕЌЕ ЗА ШАРЛО ВО СКОПЈЕ

Pocit za soborecot, rodninata i sograganinotЗа 117 годишнината од раѓањето на донеодамна контроверзниот прилепски револуционерен деец Методија Шаторов – Шарло, на новиот споменик на централниот плоштад во Скопје, цвеќе положија делегација од Прилеп, дел од фамилијата, семејството Димоски, и други почитувачи, меѓу кои и сопартиецот и првоборец Перо Иваноски – Тиквар.

Делото на Шарло веќе не е црно петно во поблиската историја на македонскиот народ. Со поставувањето на паметникот практично се демистифицира и се рехабилитира дејноста на Шаторов во Македонија пред кревањето на востанието на 11 октомври 1941 година.

Loading