ПОЧЕСТИ ЗА СПОРТ ЛАЈФ

Бесплатна објава

Турнир Свети Никола

Во конкуренција од 40 екипи, Спорт лајф излезе најдобар на хуманитарниот турнир во мал фудбал “Свети Никола”. Во финалето го совлада Кабелнет убедливо 5-2 (1-1). Стрелци на головите за првакот се Несторовски и Ацески по два, Даноски еден, а за второпласираниот тим погодија Здравески и Ф. Милошески. Спорт лајф, предводена од тренерот Оливер Варошаноски настапи со Д. Трајкоски, Макалоски, Ангелески, Мегленски, Стојковиќ, Ацески, Р. Трајкоски, Бошкоски, Несторовски и Даноски.

Најдобар играч на турнирот е Зоран Даноски, голгетер Илија Несторовски (С. Лајф), а голман Александар Игески (Кабелнет).

Loading