МИНИ КОНЦЕРТОТ “ИЗМАМИ” АПЛАУЗИ

ОМУ “Ордан Михајлоски – Оцка”

Учениците од музичкото училиште поделени по класи-инструменти и во две возрасни групи до 12 години и над 12 години, за крај на оваа година подготвија интерен час како мини – концерт со кој “измамувајќи” насмевки, солзи радосници и “громогласни” аплаузи, ги воодушевија своите родители и покажаа што и колку научиле да свират во првото тромесечие. На јавниот час учествуваа со свирење на виолина, клавир, пијано, хармоника, саксафон.

– Имав мала трема, но добро отсвирив на клавирот –  рече Дино Апостолоски

– Прекрасно ми беше да свирам на виолината на концертот – вели Софија Станческа.

– Ссфатив дека сум научил убаво да свирамна хармоника – вели Стефан Слабиѓорески.

– Ме исполнува свирењето со децата, насмевките, енергијата,…  –  вели наставникот по виолина, Даниел Јованов.          

Loading