МЕСЕЦ БОГАТ СО АКТИВНОСТИ

СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”

Zadovolni ucenici od prakticni obukiУчениците од СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” ја окончаа годината со низа работилници за практична настава, волонтирање и идно вработување.

Во библиотеката беа дел од три работни средби за проектот “Практиканство”, на тема “Интересите на младите за практичната настава и волонтерство” организирани од “Центарот за граѓанска иницијатива”. Учениците се запознаа со законите и практичната и волонтерската работа, потребите на фирмите и резултатите од практичната настава низ призмата на учениците, на која последна средба свое излагање имаше ученичката Ивана Илиеска.

Преку “ЈЕС Мрежата”, како заедничка активност на Центарот за вработување, училиштата, НВО и млади лица кои преку мерките за самовработување се вработени, на часовите по практична настава присуствуваа млади бизнисмени од фирмите “Ширмина сметководство и консалтинг” и “Гипс дизајн Инженеринг Арт” Тие ги споделија позитивните искуства, делувајќи инспиративно меѓу младите.

“Здружението на млади економисти” одржа работилница за дваестина ученици во прва година, со активности “Како би се опишал” и “Самопроценка” за меѓусебно запознавање и дружење и решавање на проблемската ситуација преку проценка на сопствените “стилови на учење”. Претседателот Денис Димоски, со поддршка на наставниците Жарко Смоквоски и Весна Дворчанец, кариерниот центар го направија пријатно катче за “кариерен развој”, презентирање на училиштето, веб страницата и на проектот “ЈЕС Мрежа”. 

Loading