ОУ “Блаже Конески”
На Регионалните училишни натпревари, го освои првото место во футсал екипата на ОУ “Блаже Конески”. Заслужни се Наумоски, Наумчески, Глигороски, Јованоски, Томески, Цивкароски, Црвенкоски, Петрески, Стојчески, Близнакоски и Јанкулоски со наставникот Тони Николоски. Тимот победи на сите натпревари. Атмосферата се вжешти во финале со ОУ од Демир Хисар. “Малите” надарени фубалери ќе го претставуваат училиштето и градот на Државното првенство.
За увертира и женската футсал екипа го освои првото место на Општинските натпревари и ќе патува на Регионалните натпревари во Битола.