ИДНИНАТА НА МАРФИЛ СПОРТ

Кошарка

Nivnoto vreme doaga - mladincite na Marfil sportВо Младинската кошаркарска лига до 16 години учествува екипа на КК Марфил спорт, предводена од тренерот Златко Ристески. Наспроти кусите подготовки, есенва солидно се претстави во конкуренција на седум тима. Забележани се победи над Пелистер и две против Декса. Меѓутоа, резултатот и пласманот не се во прв план, туку играта и прогресот на талентите.

– Заедно се три генерации, родени меѓу 1999 и 2001, а од нив нови се околу 40 отсто. Има многу деца, а малку тренинзи, по два неделно. Потребни се минимум четири, оти кошарката е комплексен спорт за обука, со многу елементи. Вежбаме со и без топка. Град од 70 илјади жители според сите стандарди треба да дава голем кошаркар во секоја генерација. Нужно е трпение од две години и работа, работа и само работа – порачува Ристески.

Втората младинска екипа на М. Спорт настапува во Детската лига на КК Јуниор од Скопје. 

Loading