ПЕНАЛИТЕ НЕИЗБЕЖНИ ДО ФИНАЛЕ

Мал фудбал: Завршница од турнирот “Свети Никола”

Ima i golovi so glava kako ovoj na Viktorija tobako– Ревијален меч на ветеранската репрезентација на Македонија

Најинтересниот дел од традиционалниот, хуманитарен турнир во мал фудбал “Свети Никола” следува во претстојните три дена. Денеска е четвртфиналето, в сабота полуфиналето, а в недела финалето. Претстои спектакл, а гаранција се претходните изданија на турнирот и годинашниот основен дел по групите. Имаше квалитетни и неизвесни дуели, каде неколку фаворити се сопнаа и не ја минаа првата фаза како Цермат, Дима агро и Портал Битола, Преспа Ресен… Квалитетот засега го оправдаа Спорт лајф, Кабелнет, Ресторан Рустика и бранителот на пехарот Мите транс Секирци со максимални 12 бода.

– Одиме чекор по чекор, постепено. Следат тешки дуели, а најголеми конкуренти се Спорт лајф, Фенербахче и Мистер АЈ – вели Столе Дунимаглоски од Мите транс.

При нерешен резултат предвидени се во пет серии пенали. Секаков исход е можен, оти настапуваат докажани играчи од големиот фудбал. Во М. Транс се Талески, Радески, Ј. Наумоски (Металург), Мустафов (Пелистер), во Спорт лајф Даноски (Чешка), Несторовски, Ацески (Хрватска), Мегленски (Победа), во Кабелнет Игески (Металург), Милошески, Здравески, Богоески (Победа), а во Ресторан Рустика се Горан и Стефан Тодороски, Г. Спиркоски, Гаврилоски. Меѓу фаворитите е гостинот од Кичево, Фенербахче со Удовалиев, Левески, Глигоров, Ранготов, а претставник е популарниот Муамер Коџаџиклиоски – Масаро.

– Супер е. Турнирот е меѓу најдобрите во земјата и затоа секоја година учествуваме. Големи конкуренти за пехарот се Спорт лајф и Мите транс – смета Масаро.

Големо внимание привлекува и ревијалниот меч Странски инвеститори – Ветеранска репрезентација на Македонија, за која се најавени Ќириќ, Најдоски, И. Ѓорѓиоски, Савов, Т. Мицевски, М. Стојкоски, Т. Наумоски и други.

Програма

Петок од 17.30 ч.

Четвртфинале

Сабота од 18 ч.

Прво полуфинале

Ревијална Инвеститори – Репрезентација

Второ полуфинале

Недела од 17.30 ч.

Ревијална Мајмуни – Чкембари

Меч за 3. место

Ревијална Домаќини – Судии

Финале

Loading