,,ПРЕДИГРА НИЗ ПЕСНА“ ОД БИЉАНА ЈАНДРЕСКА

Промоција во кафетеријата Вирус

Ljubovta otsekogas mi bila motiv i pottik da pisuvam - Biljana JУтре во 18 ч. во амбиент на кафулето Вирус, ќе се одржи промоција на поетската книга „Предигра низ песна“ од младата авторка Биљана Јандреска. Авторката овојпат се претставува со поезија по создавањето на романот „Вистинска љубов“.

Посмело и поинспиративно и без влакна на јазикот ја отвора душата, ја разголува пред читателите, распалувајќи го срцето, а и телото, “играјќи” си со читателската фантазија.

– Јандреска пее за љубовта, без притоа да е свесна дека таа постои само во неа и, колку повеќе ја бара, сé повеќе станува содржина на нејзините прсти, изгорени од пламенот на кибритче – вели за книгата писателот Трајче Крстески.

Јандреска е дипломиран детектив при Факултетот за детективи и безбедност на ФОН во Скопје. Сега е на магистерски студии на истиот факултет. 

Loading