ЈАВЕ ЗА РОМАНОТ “ТАА” ОД НАТАЛИЈА ТРАЈКОВСКА

Natalija Trajkovska so prvenec kniga pred sograganite“Таа” е насловот на романот од Наталија Трајковска, што ќе биде промовиран вечерва од 19 часот во библиотеката. Книгата од жанрот драма и криминалистички роман, е првенче на Трајковска на 207 страници.

– Темата е животот на семејството Спенсер, пред, за време, и после убиството, додека пак главната идеја е барањето одговор на прашањето: Што значи да се најдеш во погрешно време, на погрешно место и како тоа влијае на семејството, пријателите и на целокупната јавност, а наедно на тоа што се подготвени да направат за вас – вели младата авторка.

Трајковска е дипломиран правник. Демонстратор е на Правниот факултет на Универзитетот “Св. Климент Охридски” во Битола.

Пишува колумни и трипати била добитник на наградата прво место на конкурсот за најдобар есеј на Универзитетот. Веќе се лекторира вториот крими роман „(НЕ)ПРАВДА“ а работи на третата книга „Совршен злочин“

Loading