Изложба на скулптури во метал
„Човек – форма“ е насловот на изложбата на скулптури од метал од Слободан Пандов од Пехчево, што ќе биде отворена вечерва од 19 часот во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“.
– Првата изложба во Прилеп е именувана заради тоа што човекот во движење создава геометриско решение. Користев цилиндрични и конусни форми да ја потенцирам човечката фигура во различни движења – вели авторот.
Пандов завршил ФЛУ во Скопје, а бил учесник на повеќе групни изложби, како и на ликовни работилници во земјава и во странство.
![]()

