ВОНРЕДЕН НАВИВАЧКИ ВОЗ

Историја

Победа никогаш не била сама на гостувањата. На 28 март 1971 имало голема преселба кон Скопје, за југословенското второлигашко дерби на третата Победа со четвртиот Вардар. Недоволни биле автомобилите, комбињата и сите автобуси на автотранспортното претпријатие “Пелагонија турист” ангажирани за превоз. И тие се преполниле, па во последен миг бил воведен вонреден навивачки воз. Заедно со студентите и други кои веќе престојувале таму, на стадионот во Скопје имало околу пет илјади прилепчани. Мечот кој го добил домаќинот со 3-0 го следеле над 15 илјади гледачи.

Победа: Истатов – Мечев, Дрвошанов, М. Николоски, К. Мирчески, А. Конески – Бадрлица, Ж. Ѓорѓиоски, Трајков, Глигороски, Митрев. 

Loading